Крава го дои јагнето кое остана без мајка

КАРС

– Хусејин ДЕМИРЏИ

Кравата по име Сарикиз дои јагне чија мајка умрела по една недела откако се ојагнила во местото Сарикамиш во турската област Карс, пишува Анадолу.

Една од овците на Сонер Јашар (39), кој 20 години се занимава со сточарство, починала по јагнењето.

Сточарот Јашар го хранел со шише јагнето кое го нарекол Оќсуз (сирак), а по извесен период во својата штала ја видел својата крава по име Сарикиз како го дои јагнето.

Јашар и неговото семејство биле и среќни и изненадени од ситуацијата, и во исто време трогнати од мајчинството на кравата кон јагнето.

Семејството Јашар внимателно се грижи и за јагнето кое остана без мајка и за своите крави.

– „Се навикнаа еден на друг“

Сточарот Јашар за дописникот на АА изјави дека првпат е сведок на такво нешто меѓу животните.

Раскажувајќи дека јагнето и кравата се навикнале еден на друг бидејќи живеат во иста штала, Јашар рече дека извесен период јагнето чија мајка починала го хранеле од шише.

„Подоцна не го сакаше шишето. Тогаш нашата крава по име Сарикиз го посвои и почна да му дава млеко. Сега заедно со телињата почна да пие млеко, да јаде трева и сточна храна“, рече Јашар.

извор: АНАДОЛИЈА