Кривичен суд демантира дека Игор Југ барал повторување на постапката

Со реакција до медиумите се огласија од Основниот кривичен сид од каде демантираат дека до нив било доставено барање за повторување на постапката за Игор Југ. Од таму велат дека досега до нив не било доставено вакво барање ниту од осудениот ниту од неговите бранители.

„Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот за настаните кои се случија во Собранието на РМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје не е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката“ стои во соопштението на Кривичен суд.

„Заради тоа во целост ги демантираме наводите дека судот не одлучувал по неговото барање“, се вели во реакцијата на судот.