На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија.
Related Posts
Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од г. Жак Минијан, којашто деновиве е во посета на нашата држава, оствари…
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ двојно
Околу половина или 54,2% од испитаниците сметаат дека изборите треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. Речиси…
Велешанец осомничен дека ја наведувал на проституција неговата сопруга
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 45-годишен жител на Велес за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело…