На 28.03.2022 од страна на полициски службеници на СВР Струмица расчистени се неколку кривични дела „измама“ извршени на подрачјето на СВР Струмица, при што е утврдено дека сторител е Б.А. од Скопје, кој во моментов е на издржување затворска казна затвор во затворот во Идризово. Имено, истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект. Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа е лишена од слобода. Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000 , од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата. Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица. Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.
Related Posts
(ВИДЕО) Перо Антиќ му подари патики на Вучиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје се сретна со македонскиот кошаркар Перо Антиќ и порача дека и двајцата се…
Стопанската комора за енергетика бара одземање на сите лиценци и имотот на ЕВН
Стопанската комора за енергетика на Македонија најавува организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот…
Влада: Од денес 0% ДДВ за основните прехранбени продукти за намалени малопродажни цени
Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%. Со стапувањето…