Граничниот полицаец од Блаце, кој Груби го пропуштил без проверка заработи кривична пријава. Полицијата се сомнева дека ја злоупотребил положбата бидејќи не проверил дали Груби е на листата за задржување на лица. Наместо со возило, внел податоци дека заедно со бизнисменот, границата ја минале пеш.
„Полицискиот службеник Б.Ј. не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин“, се вели во кривичната пријава поднесена од МВР.
Државниот јавен обвинител вели дека се испитува дали во случајот имало вмешано и други луѓе.