СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.
На 06.12.2023, пријавениот на неговиот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство.
Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал на неговиот профил на социјалната мрежа, а воедно објавувал и видео записи на неговиот профил, упатувајќи им закани.
mms.mk