Кривична пријава за шест лица вработени во МВР – му допишувале дополнителни работни часови на колега за да земе поголема плата

Вработени во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, М.С., А.Д., Л.И., В.Т., Н.М. и Н.Ќ. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за внатрешни работи.

Во период од 18 декември минатата година до 21 февруари оваа година, тие изготвувале службени белешки и наредби за работа подолга од полното работно време во кои го допишувале првопријавениот, иако знаеле дека не бил присутен при преземањето на службени дејствија во случаите на кои биле ангажирани и на тој начин го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги при МВР поднесе кривична пријава против вработените.