Кривична пријава против прилепчанец за „производство и дистрибуција на детска порнографија“

СВР Битола во содејство со Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина.