Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик. На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни, информираат од МВР.
Related Posts
Фирма од Битола ги држела вработените под клуч како робови, инспекторите морале да викаат полиција да влезат во погоните
Гласен Текстилец на својата Фејсбук страна објави шокантна вест за фирма од Битола, „Стар Фешн ДООЕЛ“ која ги држела вработените…
Германскиот канцелар Шолц пристигна во официјална посета на Македонија
Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Северна Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин…
Инспекторите на АХВ открија нерегистрирана училишна кујна и низа недостатоци во четири други
Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведени контроли во 36 училишни кујни утврдила дека една кујна не била регистрирана, а…