Португалската фудбалска ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, беше дел од танцот со мечеви во традиционална арапска носија, известува Анадолу.
Роналдо настапува за саудискиот тим Ал Наср, а раководството на клубот објави видео по повод утрешниот традиционален празник Ден на државноста на Саудиска Арабија.
„Сонуваме и постигнуваме заедно, под едно знаме“, се вели во пораката придружена со видео на кое Роналдо заедно со соиграчите изведува традиционален танц во арапска носија.
Заедно со Роналдо, во танцот учествуваа и сенегалскиот напаѓач Садио Мане и останатите соиграчи од Ал Наср облечени во традиционална арапска носија бишт и со традиционална капа наречена куфија.
извор:Анадолу.
фото: Анадолу.