Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Истата ја пренесуваме во целост:
На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата.
ДПМНЕ нуди само назад, да бидеме повторно заглавени 11 години без било каков напредок.
СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.
Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина.
СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше.
Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ.
Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото.
Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме.
Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје.
ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.
Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.
ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.
Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.
Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.
Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции и европска иднина!