КФОР нема да толерира нарушување на слободата на движење на Косово

Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристучи, ги предупреди градоначалниците на општините на северот од Косово дека нема да се толерира кршење на слободата на движење за сите заедници и ги повика да се воздржат од насилство, соопшти КФОР. Ристучи за општата ситуација, особено за безбедносните аспекти на северот на Косово, разговарал со претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и со градоначалниците на четири општини од северот на Косово. Според соопштението од КФОР, тој ги уверил градоначалниците на општините со српско мнозинство дека КФОР внимателно ја следи ситуацијата, особено оние на северот на Косово.

 

Радио Слободна Европа