Лаамб: Традицијата на боречката култура во Сенегал

Лаамб, една од најпопуларните и најдлабоко вкоренети традиции во Сенегал, претставува спортски натпревар и културен спектакл кој ја отсликува богатата историја и наследство на земјата, јавува Анадолу.

Пред секој натпревар, борците се подготвуваат со ритуално капење во света вода, кое има за цел да ги прочисти и физички и духовно.

Овој обред е суштински дел од подготовките, со што борците ја покажуваат својата поврзаност со традицијата и верувањето во духовната сила на ритуалите.

Натпреварите се одржуваат на песок во специјално дизајнирани арени, каде што борците носат традиционална шарена облека која ја одразува културната разноликост на Сенегал.

Пред да започне борбата, тие изведуваат танци за загревање на полето, што претставува комбинација на сила, грациозност и почит кон традицијата.

Овој уникатен настан е повеќе од боречка вештина – тоа е приказ на културното богатство на Сенегал, кој ги обединува луѓето во духот на заедништво и почит кон традициите.

 

извор: АНАДОЛИЈА