Нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна се врати од Америка и сега живее во Битола, е инаку родум од преспанското село Љубојно и во една прилика тој раскажа за свопто детство, во Попара.мк
– Моето основно образование го завршив во ОУ “Димитар Влахов”, во село Љубојно, тоа училиште е осмолетка и мислам дека и во градовите нема толку софистицирано училиште.
Пред да се врати од Америка, минатата лето, тој зборуваше за животот во Амеерика, додека беше таму. „Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така!
За големиот празник Илинден, Ламбе беше во свпето родно Љубојно, и таму објавуваше снимки од прославата во родното село која се одвивала со традицинална музика, а Ламбе гордо го покажа својот крај.
Но, на една слика е со нашата најгозда пејачка од фолк музиката, а тоа е Сања Сани Гриздановска, која на добронамерен начин се пошегувала со Ламбе кој пред извесно време ја запали вратата во бугарскиот културен центар Иван Михајлов во Битола.
Сани, згодна како и секогаш, се сликала со Ламбе и напишала: Го палиме Љубојно, а Ламбе го споделил ова стори.
info7.news