Метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој носи поладно и поврнежливо време во нашиот дел од Европскиот Континент ќе продолжи и ќе го имаме во текот на целата оваа 2025 година, што значи оваа 2025 година кај нас ќе биде поладна, поврнежлива и со чести временски непогоди, а можни се и екстремни количества на врнежи кои би можеле да условат и поголеми поплавувања.
Балканот од ова би можел да биде и најпогоден, но и поголем дел од Европскиот Континент, каде ќе има чести врнежи и поладно време.
Токму поради ова, можна е појава и на доцни мразеви во текот на оваа пролет во нашиот дел од Европа. Дури можна е појава и на пролетни снегови на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија,стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.