Леброн Џејмс влезе во историјата играјќи во НБА и како тинејџер и како 40-годишник

Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс стана првиот играч во историјата на НБА кој играл и како тинејџер и сѐ уште игра и како 40 годишник, со денешниот натпревар со Кливленд Кавалирс, против кого изгуби неговиот тим, јавува Анадолу.

„Џејмс, кој го прослави својот роденден во понеделникот, постигна 23 поени и стана првиот играч во историјата на НБА кој се појавил на натпревар во своите тинејџерски и своите 40-ти години“, се вели во соопштението на НБА.

„Случајно, историскиот натпревар беше против тимот што го избра Џејмс прв на драфтот во 2003 година и каде што тој помина 12 сезони во два наврата“, се додава.

Џејмс, кој дебитираше во НБА како 18-годишник во 2003 година, наполни 40 години на 30 декември.

И покрај поразот, легендарниот напаѓач ја покажа својата брилијантност постигнувајќи 23 поени во избубениот натпревар со резултат 122-110, во кој дополнително ги покажа своите извонредни способности во својата 22-ра сезона.

Џејмс е четирикратен НБА шампион, последен со Лејкерси во 2020 година и МВП, а стана лидер во НБА на сите времиња во 2023 година.

Тој сезонава имаше просек од 23,5 поени, 7,9 скока и 9 асистенции на 28 натпревари.

 

извор: Анадолија