Леброн Џејмс е прв НБА-играч со 50.000 поени

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, стана прв кошаркар во историјата на НБА што постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и во плејофот, известува Анадолу.

На Џејмс тоа му успеа постигнувајќи тројка во првата четвртина од дуелот на Лејкерси против Пеликанс на домашен терен, во кој Лејкерси победија со 136:115.

Sвездата на ЛА Лејкерс го предводеше својот тим до победа, завршувајќи го натпреварот со 34 поени, осум скока и шест асистенции.

„Исклучително сум благословен што успеав да постигнам толку многу поени во кариерата во најдобрата лига во светот со најдобрите играчи во светот“, изјави Џејмс по натпреварот.

Во февруари 2023 година „кралот Џејмс“ го надмина Карим Абдул-Џабар, легендата на Лејкерс и стана водечки стрелец во НБА.

Во својата 22. сезона во лигата, Џејмс се изедначи со Винс Картер, кој беше единствен што толку долго настапувал во НБА.

Леброн Џејмс, кој четирипати ја освои титулата шампион на НБА, сезонава има просек од 25,9 поени, осум скока и 8,5 асистенции по натпревар.

 

извор: АНАДОЛИЈА