Две години Левица предупредува за штетноста од преговорите со Бугарија и бара нивен прекин. Владата на СДСМ и ДУИ, која не зависи од електоратот, туку од служењето на надворешни интереси и од создавање на привид за европска извесност, која е очевидно неизвесна, е спремна да изврши уште едно национално предавство.


Иако е јасно дека и Министерството за надворешни работи има учествувано во изготовка на нацрт-предлогот на ЕУ, министерот Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски одбиваат да заземат став и продолжуваат со рушење на македонската држава!

Од Македонија се бара уште една нова присилна промена на Уставот, со што еклатантно се врши мешање во внатрешните работи на Републиката и се загрозува сувереноста на македонската држава! ЕУ, иако хиерархиски е далеку пониска од ООН, преку Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик, кој е признаен, и бара договор помеѓу Македонија и Бугарија за “дообјаснување” на македонскиот јазик за целите на ЕУ.

Понатака, ЕУ констатираше говор на омраза, без да потенцира дека се работи за Република Бугарија но, не констатираше проблем (провокација) во отварањето на Културен центар именуван по фашист, со што дополнително ја одобри оваа национал-шовинистичка нарација. Во предлог – заклучокот ЕУ констатира дека дека Македонија треба да ги напредне правата на етничките заедници, додека бугарскиот Устав не признава никакви етнички заедници.

