Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист, велат од партијата.
Тое во објава преку социјалните мрежи додаваат:
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1 300 амандмани до собранискиот архив за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите.
🚫 Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата на комисијата е одложена поради амандманската блокада на Левица.
Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим.
извор: ФБ левица