Почина легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ во Белград на 75-годишна возраст

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави кошаркарскиот клуб „Партизан“.
Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на „Партизан“.
Тој беше југословенски репрезентативец, а за многумина и легенда на светската кошарка.
Роден е во Мостар на 27 ноември 1951 година. Во Партизан дојде во 1971 година, каде постигна рекордни 8278 поени.
Играше и за Реал Мадрид, Удине, Венеција, Верона и Црвена Звезда од Белград, каде ја заврши кариерата во 1991 година, по што работеше како тренер во Србија, Италија, а една сезона го водеше и МЗТ Скопје.
slobodnaevropa.mk