Леопард усмрти 3 деца во Кашмир

Леопард нападна и усмрти 3 деца во индиското подрачје Џаму и Кашмир, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави „Индепендент“ (Independent), откако 3 деца се усмртени од леопард, за кој се претпоставува дека шета низ селата во регионот Ури, властите наредиле да се убие споменатото животно доколку не може да биде фатено живо.

Наредбата дојде откако 12-годишно девојче од селото Бернате вчера беше пронајдено мртво во шумата.

Се претпоставува дека леопардот е одговорен и за смртта на две деца на возраст од 13 и 15 години, чии тела беа пронајдени во текот на викендот во шумските предели на селата Бонијар и Калсан.

Властите го повикаа населението да биде внимателно и да не дозволува децата да влегуваат во шумите без придружба, сѐ додека животното не биде неутрализирано.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).