Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ. Истата ја пренесуваме во целост:

СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата.

СДС се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче.
И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена.

И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо.

ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДС дозволија тој да метастазира до невидени размери.

СДС се целосно виновни за грабежот кој го приреди Груби.

Во СДС ништо не е сменето истите луѓе кои беа на позиции додека Груби крадеше, на чело со Филипче повторно се таму.

СДС треба јавно да го осудат Груби и Ковачевски.