Лила частеше мекици во Зоолошката Скопје, женката пингвин што го носи нејзиното име стана мајка

„Џонатан и Лила станаа родители на 2 мали пингвинчиња – Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка, па затоа таа денес дојде во Скопје ЗОО и ги почести вработените и посетителите на традиционалниот македонски начин, со мекици“, велат за CRNOBELO.com од Зоолошката.

Нашата водителка и инфлуенсерка, Лила Филиповска, денес донесе мекици во Скопје ЗОО, откако женката пингвин Лила (која е крстена според водителката), стана мајка.

Пингвинката Лила неодамна роди две мали пингвинчиња, кои ги добија имињата Петко и Пабло.