Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во сабота во Струмица

Струмичката Православна Епархија Ве поканува на свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка в сабота на 26 април 2025 година од храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
По завршувањето на Светата Божествена Литургија, свештената поворка со иконата на Брзопослушница ќе тргне во 10 часот од храмот движејќи се по улиците:
📌
храм Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици
📌
Улица „5 Ноември“
📌
Црква „Св. Кирил и Методиј“
📌
Улица „Стив Наумов“
📌
Улица „Герас Цунев“
📌
Плоштад „Гоце Делчев“
Тука ќе биде отслужен Молебен на Пресветата Богородица, по што поворката ќе тргне по булеварот „Маршал Тито” па се до црквата „Св.Димитриј и Св.Григориј Палама”.
Милоста на Мајката Божја да биде со сите нас!