Лице од неготино го запалил домот на родителите и покрај судската забрана да се приближува до нивната куќа

Дваесет и седумгодишен неготинец со иницијали .М.А. доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители, и покрај судската забрана да се приближи таму.

Спорд информациите од МВР, тој во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот“ од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар.

Мажот се гони за загрозување на сигурноста, две кривични дела предизвикување општа опасност и две кривични дела неизвршување на судска одлука.

 

skopjeinfo.mk