На 26.05.2025 во Скопје полициски службеници ги лишија од слобода Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата “Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts

198 санкции за прекршоци што ги прават пешаците
Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска…

(ВИДЕО) Таткото на Вања донесен во Кривичен, кон камерите направи ЛАЈК со палците
Таткото на Вања донесен во Кривичен, кон камерите направи ЛАЈК со палците

Изгаснат пожарот кај Клинички, целосно изгорено запаленото возило
Aвтомобил се запали претладнево на ул. „Владимир Назор“ до Клиниката за гинекологија во Скопје и веќе е изгаснат од противпожарните служби.…