На 20.05.2025 во 04.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.З.(20) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Партизанска“ во Штип е сопрено патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,76 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.