„Луцифер“ пристигна во Македонија до среда темепратури до 42 степени а потоа можно е локално невреме

Почитувани, како што најавив, од денес (12.8.2024), па во текот на целата оваа седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР”. Овој екстремно топол бран ќе донесе  и екстремно високи температури на воздухот  и тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па  и над 40 степени, односно до 41, 42 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлото време, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течноти.

Сепак, и покрај екстремно високите температури на воздухот, од среда попладне растат  и условите за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија, токму поради екстремно високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk