По повод Меѓународниот ден на младите, ЕВРОПСКАТА комисија на социјалните мрежи ја претстави новата детска едукативна карта на Европа, но нејзината презентација на Балканот збесна многумина.
Имено, на картата е прикажан Стариот континент со одредени специфичности на земјите, а каде треба да бидат Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, речиси и да нема ништо.
Креаторите на мапата го зазелениле просторот и додале илустрација на мечка, а не требало многу време за објавата да предизвика многу негативни коментари.
„Во повеќето земји од поранешна Југославија живеат само мечки? Ви благодариме за ништо“, напишал лутиот корисник.
index.hr