Луѓето се изненадени кога ќе ги видат сестрите со различна боја на очите

Нечирван и Медина Берк, кои живеат во селото Чигли, имаат пет деца, а нивните ќерки, 11-годишната Ејлул и 8-годишната Нарин, се со различна боја на очите, известува Анадолу.

Ејлул, ученичка во 6 одделение има едно сино и едно црно око. И нејзината сестра, која е трето одделение, има едно сино око, а другото е половина црно, половина сино.

Фактот дека сестрите имаат различна боја на очите ги изненадува оние што ќе ги видат.

– „И очите на моите внуци се такви“

Таткото Нечирван Берк за АА изјави дека тоа што неговите ќерки имаат различна боја на очите е семејна особина.

Раскажувајќи дека и неговата постара сестра има едно црно и едно сино око, Берк продолжи со зборовите:

„Моите очи, исто така, половина се сини и половина црни, но тоа не е многу забележливо. Очите на моите две ќерки се сини и црни. И очите на двете деца на сестра ми се такви. Брат ми има едно црно и едно сино око. Моите ќерки немаат никакви проблеми со видот, но и двете имаат мало губење на слухот на едното уво. Многупати ги носев на лекар, но не се знае што го предизвикува тоа. Потребен им е лекарски третман. Ејлул го губи слухот на левото уво, а Нарин на десното.“

– „Оние што ќе нѐ видат се изненадени“

Раскажувајќи дека претходно ги носел ќерките во болниците во градот Ван и околината, но тоа не дало никакви резултати, Берк рече: „Внимание привлекува фактот дека моите деца имаат различна боја на очите. Многу луѓе доаѓаат и се сликаат. Повеќето од оние што ќе ги видат сакаат да се фотографираат со нив.“

Ејлул Берк рече дека нејзините очи имаат различна боја уште од раѓање и додаде:

„Ние немаме проблеми со видот. Имаме само мал проблем со слухот. Ќе беше добро доколку бидеме лекувани. Кога луѓето ќе нѐ видат на училиште или надвор многу се изненадени и сакаат да се фотографираат. Ги сакаме нашите очи. Ова е дар од Бога.“

 

извор:Анадолија