Маглата предизвикува хаос на скопскиот аеродром: 10 пренасочени и 4 откажани летови

Во изминатите 24 часа, густата магла на Скопскиот аеродром предизвика значителни нарушувања во авионскиот сообраќај, со 10 пренасочени слетувања и 4 откажани летови. Летовите беа пренасочувани главно кон соседните аеродроми во Приштина и Софија, додека дел од нив се вратија на почетните дестинации.

Пренасочени летови:

  1. Анталија (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
  2. Меминген (25.01.2025)  – Пренасочен кон Приштина
  3. Варшава (25.01.2025) – Вратен назад во Варшава
  4. Баден Баден (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
  5. Париз (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
  6. Цирих (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
  7. Рим (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
  8. Малме (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
  9. Берлин (26.01.2025) – Пренасочен кон Софија
  10. Нирнберг (26.01.2025) – Пренасочен кон Приштина

Откажани летови:

  1. Истанбул – Откажан (25.01.2025)
  2. Загреб – Откажан (25.01.2025)
  3. Венеција – Откажан (26.01.2025)
  4. Истанбул – Откажан (26.01.2025)

Препораки за патниците:

Патниците се советуваат да ја следат состојбата со летовите преку официјалните канали на Скопскиот аеродром и да останат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации.

Поради конфигурацијата на теренот, Скопскиот аеродром е ограничен на Категорија 1 и не може да добие прекатегоризација во Категорија 2 со што би се намалиле минимумите за слетување при намалена видливост. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ограничувањата за слетување при намалена видливост не се поради неесоодветна опрема, туку поради теренот каде што се наоѓа аеродромот во Скопје, објави СДК.мк