Магла по колтините, многу повеќе сонце ова утро на планинските места и Скијачките центри

Ова утро во Македонија и тоа на планинските  места како и на Скијачките центри е претежно сончево со повисоки температури, додека по котлините има магла  и ниска облачност, па така  и температурите ова утро се пониски. Најниска температура ова утро до 7 часот е измерена во во Берово, и тоа -3 степени, додека во Крушево во исто време е измерена температура од 3 степени.

Снежната покривка исто така до 7 часот утрово изнесуваше 34 сантиметри на Попова Шапка и 25 сантиметри во Маврово, пишува во својата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk