„Магнамехатроникс“најголемиот светски добавувач за автомобилската индустрија започнува со работа во Штип

„Магнамехатроникс“ (Magna Mechatronics) е дел од „Magna International“ – една од најголемите компании во светот за автомобилски компоненти, со седиште во Канада и присуство во над 28 земји. Специјализирана е за производство на интелигентни мехатронски системи – комбинација од механика, електроника и софтвер – кои се вградуваат во возила на водечките светски брендови.

Компанијата произведува компоненти како што се системи за заклучување, електронски контролни модули, автоматизирани врати, и иновативни решенија за безбедност и комфор. Нивните технологии се користат во возила од висока класа, со фокус на автоматизација и интелигентни решенија кои го менуваат начинoт на кој возилата функционираат.

„Магнамехатроникс“ е водечки пример за тоа како високата технологија, инженерството и иновациите се претвораат во производи што се дел од секојдневието на милиони возачи ширум светот. Компанијата вработува илјадници инженери и стручњаци и има годишен приход од повеќе од 40 милијарди долари.

Од следната недела, оваа компанија ќе стартува со работа и во Северна Македонија – во индустриската зона во Штип. Инвестицијата изнесува околу 50 милиони евра и ќе овозможи вработување на околу 600 лица, најголем дел од регионот. Според најавите, ова е само прва фаза од нивното присуство во земјава, што се смета за стратешки потег и важен чекор во развојот на автомобилската индустрија во државата.

 

 

4news.mk