Најстариот ресторан на светот се наоѓа во шпанската престолнина Мадрид. Има работи по кои тој е посебен.
Ботин во Мадрид е основан во 1725 година, а во Гинисовата книга на рекорди е заведен како најстариот ресторан на светот.
Авторите на Јутјуб каналот „Great Big Story“ го посетиле ресторанот. Една од најуникатните одлики на ресторанот е неговата печка која непрекинато работи речиси 300 години.
„Тоа е нашиот скапоцен камен во круната“, вели заменик директорот на Ботин, Луис Хавиер Санчез Алварез.
Тој работи во ресторанот повеќе од 45 години. Вели дека рецептите се многу стари.
faktor.mk