Едно лице е убиено во пукање кое утринава се случило на Паг, пренесува Индекс.хр.
Околу 06:00 часот во полиција било пријавено дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац. Станува збор за една од плажите покрај популарниот остров Зрќе.
На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан. Повредениот починал во брзата помош на пат кон болница.
На местото на настанот се врши увид.
ФОТО: TANJUG/HINA/DAMIR SENICAR