Маж рани неколку лица со нож во Париз

Маж денеска повредил со нож шест лица во париската железничка станица Гар д Норд, објавија француските медиуми. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот бил „неутрализиран“ од полициските сили. Нападот се случил околу 6 часот и 40 минути на една од најпрометните станици во Европа и главна врска помеѓу Париз, Лондон и северот на Европа.

 

радио Слободна Европа