Македонецот Вања Атанасов влезе во одбраното друштво на триатлонци и го развиори македонското знаме во Италија

Македонецот Вања Атанасов влезе во одбраното друштво на триатлонци од нашата држава кои што може да се пофалат со учество и успешно завршување на најтешкиот триатлом, познат како „Ironman“.

Атанасов во Италија го вкуси „триатлонскиот Еверест“, како што го нарекуваат ова натпреварување, кое што важи за најтешко и најпрестижно. Се плива скоро четири километри, потоа натпреварувачите се 180 километри на велосипед, а за крај трчаат маратон (42 километри). Битолчанецот трката во областа Емилија Ромања ја заврши за време од 12 часа и 47 минути, по категории – пливање (еден час и 18 минути), велосипед (шест часа и 17 минути) и трчање (четири часа и 44 минути).

„Од секогаш се одушевував и се прашував какви се тие луѓе, што го можат да го издржат и одработат ова. Сега сваќам дека се најобични како секој еден, само силно посветени и инспирирани – ништо повеќе. Иако Битола нема ни затворен базен, ниту патеки за трчање, ниту пак триатлон клуб или тренер кој може да те подготви или советува за ваков тип на предизвик, сепак јас си докажав дека нема граница и дека сè е до нас, нема изговори.

Вреди да се напомени дека Атанасов првпат на триатлонска трка настапи лани во Дојран и од тогаш сонуваше за настап на „Ironman“. Сонот го оствари по само една година. Секоја чест!

gol.mk