Македонецот Илчо ја запроси девојката на чудотворното место на Острошкиот манастир Свети Василиј

Ана Митрева (25) од Штип беше запросена од својот сакан Илчо Ваневски (29) од Кадино, Илинден во манастирот Св. Василије Острошки во Црна Гора.

Илчо го избрал ова место поради неговите чудотворни моќи.

„Со Ана сме во врска скоро две и пол години, меѓутоа јас се чувствувам како цел живот да сме заедно.

Запросувањето се случи во манастирот Св. Василије Острошки во Црна Гора.

Се одлучив за тоа место од повеќе причини.

Прво, затоа што ми имаат кажувано за чудотворните моќи на манастирот и дека секоја желба, доколку е искрена и чиста ќе ти се оствари, а мојата очигледно се оствари.

Второ, локацијата сметам дека е преубава, црквата е прекрасна и има неверојатен пејзаж со импозантна природа околу манастирскиот комплекс.

Трето, ова беше моја желба, но и на Ана ѝ значи многу што ја крунисавме нашата љубов пред еден ваков светол духовен дом“.

 

crnobelo.mk