Јоце Николоски, потекнува од село Јаргулица радовишко но животниот пат го носи многу подалеку од родното место. Последниве неколку години живее и работи во Швајцарија, а неизоставен патник заедно со него е фотоапаратот. Тој е неуморен бележник на природите убавини кои постојано се испреплетуваат пред неговите очи. Особено како што кажува и самиот тој, ретко кој може да одолее на швајцарските убавини.
Секако не ја пропушта приликата да ги овековечи и домашните македонски живописни предели, било тоа да е место, град или црква. Од пред 6 години направил свој дом во Струмица каде што живее а работи во Швајцарија.
Од каде желбата за фотографија, што најповеќе сакаш да сликаш, снимаш?
-Желбата ми е од мој другар, пријател, фото „Мендо“ Струмица. Ме повика еднаш на помош а јас незнаев како се работи тоа, бев неколку прати на пракса кај нив и така ја засакав професијата и до ден денес неможам да се откажам од неа. Тоа е голема љубов , сликарството да патуваш , да сликаш , да се запознаваш со секакви прекрасни луѓе.
Најмногу сакам да ја сликам природата на Швајцарија, која човек неможе да и одолее во летниот период, а на второ место се венчавките.
View this post on Instagram
Колку го поддржуваш „изобличувањето“ на фотографијата преку разни филтри, фотошоп, она што сега го прават во модерно време?
-Па видете вака. 12 години сум во оваа професија и нема кој не користи фотошоп и други филтри, без тоа сликата нема да изгледа таква како што сакаш да биде, а гледате од други да ја добиете и вие таа фотографија, но денес во модерното в реме имаме се на интернет да научиме многу, што треба и како треба да се подредуваат сликите.
View this post on Instagram
Дали постојано си со фотоапаратот во тебе за да го доловиш моментот на природата и дали се случило некогаш да пропуштиш некое интересно место за фотографирање па си се вратил назад за да го овековечиш тоа?
View this post on Instagram
Со фотоапаратот сум повеќе за викенд. Од понеделник до петок сум во нормална работа. Наскоро сакам да си отворам свое студио во Швајцарија. Секој сака да си биде свој газда на својата работа што ја сака. Но ми треба уште малку, бидејќи во Швајцарија е доста мтешко за тоа да се направи сам, ама со трпение се ке биде на свое место.
Да , сум пропуштил место за фотографија. Тие прекрасни предели на Алпите. Само што се искачив на нив, заврна многу дожд и ми беше жал што неможев да фотографирам а возев 130км во еден правец и назад, вкупно 260км. Впрочем отидов само кафе да се напијам и се вратив назад. (низ смеа ни раскажува Јоце.) Но после неколку недели се вратив пак и беше многу прекрасно што кога ја гледаш таа прекрасна глетка очите и душата ти се одмараат од секакви мисли.
Што најмногу сакаш да фотографираш?
Најмногу сакам да фотографирам Алпите во Швајцарија и прекрасната природа што ја има таму. На второ место се венчавките , исто ги сакам многу.
Во април кога бев на одмор специјално отидов во нашиот Охрид прекрасен да го сликами да си направам прекрасно видео, тоа видео достигна на мојот профил 100 илјади прегледи и 10 700 лајкови. Го споделуваат сите мои фанови што ги имам на Инстаграм и луѓе од Швајцарија кои го видоа Охрид и тоа ме ирадува многу што им се допаднало и очекувам мои колеги да дојдат и да го посетат Охрид.
Исто така фотографирам и доста српски пејачки. Јелена Карлеуша ме повика да ја сликам.
View this post on Instagram
За нашиот фотограф Николовски неодамна беше пишувано и во швајцарските печати, каде беше претставен пред тамошните читатели како постојан и немуорлив овековувач на времето во кое денес живее и твори, оставајќи зад себе трајни вредности кои никогаш нема да бидат заборавени.
View this post on Instagram
news1.mk