Македонец се удави на плажа во Црна Гора

Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.
Според информациите на овој портал, 22-годишен млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски, пренесе novatv.mk.

На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција, пренесе порталот.

 

novatv.mk