Македонец со својот тим стана светски првак во Дота 2 освоија 8,5 милиони долари

Секој Македонец треба да биде горд на успехот кој го постигна популарниот Сакса. Играњето игри, некогаш знае да се исплати и тоа многу. Професионалниот македонски е-спорт играч, Мартин Саздов – Сакса денеска со неговиот тим Tundra Esports го освои трофејот на Светското првенство во познатата игра Дота 2, објави newshunter96.com.

„Сакса“ и тајфата прво го совладаа Сикрет со 2-1 за пласман во големото финале, каде што Сикрет повторно обезбеди место со победата против Тим Ликвид (2-1), но сепак битката за трофејот на „Д Интернешнл“ или светското првенство во Дота 2 ја одбележа целосна доминација на Тундра (3-0).

Тимот на Мартин во финалето го победи Team Secret со 3-0.

Првенството во Дота 2 има награден фонд од 19 милиони американски долари. Светскиот првак Tundra Esports добива 8,5 милиони долари.

Треба да се спомене дека Мартин Саздов е првиот Македонец кој се натпреварувал на официјалните светски првенства на Дота, а интересно е што тој со два метри и три сантиметри беше највисокиот играч кој се натпреварува во оваа категорија на е-спорт.

извор:newshunter96.com

фото: newshunter96.com