Македонија добива нов скијачки центар – од 1 јануари љубителите на скијањето ќе може да уживаат на Михајлово.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари.
Последни подготовки пред официјалното отворање на Скијачкиот центар ,,Михајлово’’ [❄️]
Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови.
Наскоро…., напиша Јанчев.
Новата скијачка патека во Михајлово ќе биде шеста во Македонија по Попова Шапка, Маврово, Пониква, Пелистер и Крушево.