Денес во Варна се одигра еден посебен хуманитарен меч, кој обедини не само две земји, туку и легендарни фудбалски имиња кои оставија неизбришлив траг во светскиот фудбал. Македонската и бугарската фудбалска јавност имаа чест да видат некои од најголемите ѕвезди на сите времиња, како што се Горан Пандев и Христо Стоичков, кои излезеа на терен за да ја поддржат хуманитарната акција за помош на семејствата на настраданите во трагичната катастрофа во Кочани.
Притоа, сите собрани средства ќе бидат донирани на семејствата на настраданите и на повредените од трагедијата во Кочани.
Мечот беше вистинско уживање за публиката, иако резултатот не беше во прв план. Македонија победи со 2:3 на теренот на Бугарија, што сигурно ќе остане во сеќавањата на сите присутни. Божинов, Пандев и Тасевски беа стрелците за Македонија, додека Камбуров и Михтарски погодија за Бугарија.
Фудбалот повторно покажа дека е многу повеќе од игра – тој обединува луѓе и настани, и го носи посланието на солидарност, љубов и пријателство помеѓу нациите.
4news.mk