Деветнаесет годишната манекенка од Македонија Мија Стериоска се закити со нова титула – таа стана МИС Медитеран за 2023 на одржаниот избор во Кипар.
Мија не е ново лице во светот на убавината, кај нас и во Европа. Таа веќе има модни настапи и освоени титули. На свои 18 години беше избрана за најубава во конкуренција меѓу 30 убавици и крунисана за „Queen of EURASIA 2022“ . Настанот се одржа во октомври во Истанбул, Турција.
Тогаш крунисаната македонска убавица Мија Стерјоска добила понуда да глуми во турска серија, од тамошен продуцент, откако во Истанбул, ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија. По прогласувањето на победата на нашата девојка, турскиот продуцент дошол и ѝ понудил на Мија улога во серија која е во план да се снима.
Во март 2022 Мија ја освои титулата Втора придружничка на „МИС Европа 2022“. на одржаниот избор во Бејрут.
Овде нашата гевгелиска убавица Ана Брзанова беше прогласена за „МИС Пријателство“.
Инаку, Мија е модно лице промовирано од Студиото „Црнокрак“.
gevgelijanet.mk