Македонската амбасада организираше новогодишна средба со Македонци од Тирана

Вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, во  македонската амбасада во Тирана,  организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана.
Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници,  организиравме мал но значаен прием, објави амбасадата.
Се додава дека Македонците во Албанија, живеат главно во регионите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, но ги има и во многу други градови на Албанија.
Тие се горди на своите корени и култура, но истовремено се и лојални граѓани на Албанија.
Преку политичката партија МАЕИ, преку нивните друштва, весници и портали, како што се „Илинден“, „Сонце“, „Преспа“ и многу други, тие се активни и гласни во своите барања за зачувување на мајчиниот јазик, култура и традиција.
-Амбасадата, им посака среќна и успешна Нова година, каде што секој нов ден биде можност за нови успеси и убави моменти. Што и да донесе иднината, заедно може да ја направиме подобра, се наведува во објавата.
Како што изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден” и главен и одговорен уредник на истоимениот весник, ваква средба се одржува за првпат, и значи многу за сите.
Во амбасадата бил поставен и штанд со примероци од печатени весници на македонски јазик, како и албуми со народни носии и други изданија.
vesnik-ilinden.com