Македонската влада го прифатила барањето на Трамп за депортација на македонски државјани со нелегален престој во САД, но засега нема потврда дали е дел и од разговори за прифаќање лица од трети земји. Косово веќе потврди дека привремено ќе згрижи до 50 такви лица. Доколку и Северна Македонија се согласи на ваква сценарио, ќе мора да ги почитува човековите права и да им гарантира дека нема да бидат загрозени и во нивните матични земји кога ќе бидат вратени, посочуваат од „Млади правници“.
Владата на Северна Македонија одговорила потврдно на американските власти на нивното барање за прифаќање на македонски државјани што престојуваат нелегално во САД. Но, дали државата е во игра да биде транзит и привремено да прифати и мигранти кои во САД дошле од трети земји, како што е регионот на Латинска Америка?
Радио Слободна Европа (РСЕ) пишуваше за ваквите можности за дел од балканските земји, а Косово денеска и официјално потврди дека ќе прими односно ќе обезбеди привремена заштита за 50 лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави.
Доколку такво нешто би се случило и со Северна Македонија, која во моментов има згрижено минимален број мигранти, државата ќе треба да потпише договор и да преземе одговорности за да ги почитува човековите права, сметаат домашните експерти.
slobodnaevropa.mk