Македонска алијанса за европска интеграција со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“ за патување во Македонија и Грција

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави одлуката на Албанското биро за осигурување, која стапи во сила вчера (1 февруари) и која им овозможува на албанските граѓани да патуваат во Црна Гора со осигурителната полиса „зелен картон“ со намален премиум од само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно. Според партијата, ова е значаен чекор кон олеснување на движењето и намалување на трошоците за сите албански граѓани.

Во овој контекст, партијата Македонска алијанса за европска интеграција бара од Владата и Одборот за финансиски надзор итно да започнат процес на консултации и координација со Албанското биро за осигурување, со цел истата мерка за намалување на премијата за „Зелен картон“ на 50 евра годишно да се примени и за Македонија и Грција, рече Васил Стерјовски, претседател на партијата, на денешната прес-конференција одржана во Корча.

Оцени дека оваа одлука ќе донесе директни придобивки за албанските граѓани, посебно за „жителите на Округот на Корча, кои имаат тесни семејни, економски и културни врски со Македонија и Грција“.

Намалувањето на оваа тарифа ќе овозможи поголема слобода на движење, ќе го олесни секојдневниот живот на илјадници граѓани и ќе помогне во продлабочување на регионалната соработка меѓу Албанија, Македонија и Грција. Македонска алијанса за европска интеграција внимателно ќе го следи овој процес и ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива што има за цел подобрување на животните услови и олеснување на слободното движење на граѓаните.

Ги повикуваме надлежните институции да преземат меркида преземат брзи чекори за да обезбедат еднаков третман за нашите граѓани кои патуваат кон Македонија и Грција, со што ќе се намали големиот економски товар врз граѓаните и бизнисите што работат во регионот, рече Стерјовски.

Со оваа одлука, нагласи тој, која ексклузивно ја покрива територијата на Црна Гора, албанските граѓани може да се снабдат со осигурителната полиса „зелен картон“, со важност од 12 месеци од денот на издавањето.

 

 

vesnik-ilinden.com