Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција предводена од Демократската партија на Сали Бериша

Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година.

Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.

vesnik-ilinden.com