По математичарите и физичарите, и македонските хемичари се вратија со медали, три бронзени, од Интернационалната хемиска олимпијада во Цирих.
Бронза за Македонија освоија Филип Бојаџиевски од скопската гимназија „Орце Николов“, Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.
Пофалница доби Марија Петрова од „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје.