Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате во Србија, пренесуваат српските медиуми. За среќа, нема информации за повредени патници, но причинета е значителна материјална штета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Србија. Патиштата се многу лизгави, а снежните наноси доведоа до затворање и ограничување на одредени патни правци. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот е речиси во колапс, при што на возачите им се препорачува максимална внимателност и користење зимска опрема.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека главните патишта се проодни, но на делови од некои патни правци има слоеви снег до 10 сантиметри. Се апелира до сите граѓани кои патуваат низ Србија да ги следат препораките за безбедност и да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.